Со СДСМ и ДУИ на власт Македонија се наоѓа во безизлезна ситуација, потоната во кризи во која граѓаните се повеќе осиромашуваат. Стандардот од ден во ден опаѓа, а криминалната влада покажа дека нема ниту решенија, а ниту способност да го запре тонењето на државата, напротив тие ја доведоа Македонија во национална катастрофа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека наместо да растат плати, расте криминалот, расте корупцијата, расте инфоацијата и расте немаштијата. Оваа влада која стана креатор на кризите не може да биде решението за излез од нив, а Македонија и граѓаните повеќе немаат време за чекање.
Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет предлози за излез од кризите и оваа тешка состојба во која западнаа државата и македонските граѓани. Предлагаме четири тима во најкритичните области економијата, надворешната политика, здравство и образование. Тие тимови про боно ќе помогнат да се најдат решенија за проблемите на граѓаните се до предвремените парламентарни избори за излез од политичката и економската криза. Сега не е време за терање инает, туку време за одважување и ставање на државните интереси пред партиските. Токму затоа СДСМ и Ковачевски треба да ја прифатат оваа понуда на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во партиското соопштение.
Додаваат дека доколку Ковачевски не може да донесе одлука, ВМРО-ДПМНЕ е спремно да разговара со било кој од СДСМ кој ги носи одлуките, без разлика дали е тоа Зоран Заев, Шекеринска или некој друг.
Македонија и граѓаните мора да излезат од кризата и сиромаштијата. Затоа итно се неопходни промени кои единствено ќе дојдат преку предвремени парламентарни избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.