Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ ги лажеше граѓаните дека македонскиот јазик е загарантиран и никој не го оспорува.
-Вистината е дека СДСМ со своите предавнички политики им отвори врата на негаторите на македонскиот јазик и идентитетот постојано да оспоруваат. Последниот доказ за тоа е изјавата на бугарското МНР кое тврди дека за нив македонскиот јазик е непризнат. Ова е огромен дипломатски пораз за Македонија. Дипломатијата на Ковачевски и Османи дозволи Бугарија да подготви документ поврзан со нашето пристапување во ЕУ, во кој го оспорува македонскиот јазик и го нарекува бугарски дијалект. Тоа е срамно и преставува предавство, се наведува во соопштението на партијата.
Оттаму посочуваат дека оваа власт на СДСМ и ДУИ ништо не загарантирала говори и изјавата на портпаролката на ЕК, што целосно се коси со уверувањата кои ги даваат владините функционери.
-Ова покажува дека власта на СДСМ и ДУИ водени од болната амбиција за власт, распродаваат и асимилираат се што е македонско. Предавникот Ковачевски треба да знае дека за овие велепредавства ќе одговара. И ќе има одговорност, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.