Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ и ДУИ удрија по народот, поскапа струја за да го покријат криминалот.
-СДСМ го крие енормното покачување зад таканаречените тарифи. Најголемиот број од народот ќе плаќа 18% и 138% поскапа струја. Тие што до вчера плаќале 4.000 денари ќе плаќаат 5.000 денари, а тие што плаќале 5.500 денари ќе плаќаат над 13.000 денари. Најпогодени ќе бидат домаќинствата кои се греат со грејни тела на струја. 7 месеци во ек на грејна сезона, ако со лани плаќале 13.000 денари, сега ќе плаќаат и над 28.000 денари месечно за загревање на нивните домови, се наведува во соопштението на партијата.
Посочуваат дека СДСМ и ДУИ ја зголемија цената на струјата за да ги покријат дупките оставени од крадење во РЕК и ЕЛЕМ.
-Над 200 милиони евра се потрошени за 7 месеци за скап увоз на струја, затоа што власта не произведува и го уништи домашното производство заради крадење. Сега тие дупки ќе треба да ги покриваат граѓаните.СДСМ и ДУИ го уништија енергетскиот систем. Сега сакаат да ги осиромашат и граѓаните. Премногу е, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.