СДС, партијата која ја спроведе мрачната транзиција во Македонија, која остави над 300 илјади луѓе без работа, сега повторно се служи со истите средства, со цел ЕЛЕМ Турс да оди во стечај. Во исто време, отвора две фирми со иста дејност за Попова Шапка, Маврово, Дојран, Охрид и Струга, тврдат од ВМРО ДПМНЕ.

Во стилот на најлошата приватизација направена во Европа во деведесетите, СДС која што управува со државната ЕЛЕМ, се обидува изигра 100-тина доверители на ЕЛЕМ Турс, и да ги отпушти вработените, со цел партизација и приграбување на имоти на Попова Шапка, на Маврово, во Дојран, Охрид и во Струга.

Внимавајте, СДС спроведува стечај на ЕЛЕМ Турс, заради долгови и непродуктивност од 150 милиони денари, а истовремено отвора две нови фирми со иста дејност – туризам и угостителство.

Очигледно е дека СДС и по 30 години, не може да излезе од својата матрица, уништување на државни фирми, приграбување на имотите и богатење на грбот на државата и граѓаните, велат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.