СДС и Ковачевски се осудени лажговци, а тоа го потврдуваат и институциите, сметаат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ. Според нив, државата тоне на секое поле, граѓаните се сиромашни, а СДС наместо да се фати за работа за да обезбеди подобар живот за сите, продолжува да лаже и манипулира.
Поголеми лажговци и криминалци од функционерите на СДС нема. Најмалку што може да зборуваат од СДС е за лага. СДС се докажани лажговци. Како што дезертерот Димитар Ковачевски ја лажеше јавноста дека не отслужувал војска заради студии, а потоа заради здравствени причини, за на крај излезе документ дека е трајно неспособен, велат од ВМРО ДПННЕ.
Според партијата, Ковачевски уште не одговорил пред јавноста кога всушност лажел, ниту пак прифати утврдување на неговата деловна способен за извршување на премиерската функција. Каков претседател дезертер и лажго, таква партија.
Дури и институциите потврдуваат дека СДС лаже. Имено, само за потсетување на СДС, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и во ова партизирано и политизирано правосудство го доби случајот против СДС за клевета и навреда.
На СДС и Ковачевски им паѓа рејтингот, и сакаат преку лаги и манипулации да го кренат. Но прочитани се од граѓаните.
Граѓаните знаат на кого може да му веруваат, а на кого не. Мицкоски е секогаш на страната на народот, за разлика од Ковачевски кој е против македонскиот народ. Но, ова за брзо ќе заврши. На Македонија и граѓаните им е потребна промена, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.