Власта на СДС и ДУИ дозволи нарко мафијата да владее по улиците. Структури во полицијата на Спасовски стана нивен заштитник. Акциите беа пробивани, а лицата кои евентуално беа откривани беа експресно ослободувани, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Последица на ваквиот раст на криминалот се убиствата како ова кое се случи завчера. Ваквите гангстерски пресметки на кланови станаа секојдневие. Безбедноста на граѓаните е доведена во прашање. Во држава во која мафијата е во коалиција со власта животот на секој човек е загрозен. Што уште треба да се случи Оливер Спасовски да си поднесе оставка? Неговите статистички гимнастики веќе не му поминуваат ниту во штабовите на СДС, велат од партијата.
„Едноставно е, ако полицијата не гони криминалци, на хартија криминалитетот ќе опаѓа, а во реалноста бандите ќе владеат со државата.
Беззаконието од времето на транзицијата се врати на голема врата. Прашањето е каква политичка или лична корист имаат функционерите од власта кои тоа го дозволуваат“ – велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.