Кога јавноста ќе помисли дека дното е постигнато, во врска со криминалните активности на ДУИ, тогаш тука е семејството на Али Ахмети, со нови афери, каде се крадат парите на народот, велат во партиското соопштение ОД ВМРО-ДПМНЕ.

Во документите кои стигнаа до ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека „Тор Индустриес“, со Дрин Ахмети како сопствeник, е формирана во 2020-та година, за да учествува во големите градежни проекти кои се планирани од власта во Македонија.

„Тор Индустриес“, заедно со уште една фирма од кланот Зајас, е вклучен во изградба на коридорот 8, а договорот кој го имаат двете фирми е 1.3 милиони евра за ископ и други градежни работи.

Покрај коридорот 8, „Тор Индустриес“, фирмата на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети е вклучена и во изградба на патот од Кичево до Дебар, поточно делницата Извор – Гарски мост. Исто како и на коридор 8, така и на оваа делница внукот на Али Ахмети е вклучен со уште една фирма од кланот Зајас, а средствата кои треба да ги приграбат, според документите доставени до нас, се помеѓу 6 и 9 милиони евра.

Во сите овие ситуации, само блиските роднини на Али Ахмети негуваат претприемачки дух. Очигледно секогаш во позадината, на овие црни бизниси е самиот Али Ахмети, кој дава амин, а во исто време ги користи своите внуци и синот, за да се збогати уште повеќе на грбот на граѓаните.

Третиот од лево во горниот ред. На фотографијата се и добропознатите командоси на Шарената револуција Замир Мехмеди, Павле Богоевски, Симона Спировска (фото: Твитер)

Одговорноста доаѓа за многу кратко, а кога тогаш Али Ахмети ќе мора да се соочи со своите постапки, преку кои тој се богати, а народот осиромашува, стои во соопштението на партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.