Во секој сегмент од државата се случува распад на ситемот. Последен случај за тоа е во здравството, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во Македонија институциите 4 дена не можат да утврдат дали има или нема мајмунски сипаници, заразна болест која зема силен замав во цела Европа. Едно лице кое што е суспектно им избега од болница, одбивајќи да се тестира и сега се обидуваат да стапат во контакт со него. Оттука логично се поставува прашањето дали ова лице не е опасност по здравјето и животите на другите луѓе? Дали ова лице може да ја прошири болеста и на тој начин работите да излезат од контрола?“, прашуваат од опозициската партија.
Лицето кое е суспектно и кое е можен заболен со мајмунски сипаници, според ВМРО-ДПМНЕ, треба да биде под здравствен надзор, а тоа треба да се овозможи преку ангажирање на сите надлежни институции.
Неспособноста и неодговорноста на институциите може да загрозат животи и здравје. Недозволиво е за сериозна здравствена закана надлежните да креваат раменици и да дозволат суспектни или заболени лица да се шетаат слободно и да загрозуваат други. Свесни ли се дека на тој начин може да предизвикаат епидемија, па наместо да се спречи ќе треба да се лечи, ккао што вели народот. Ова е скандалозно. За ваквата епска неспособност и неажурност треба некој да понесе одговорност“, се нагласува во реакцијата од партијата на Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.