Власта на СДСМ и ДУИ е изгубена во просторот и одлепена од реалноста. За еднодневна прослава по повод Рамковниот договор ќе потроши над 70 илјади евра само за журка и пејачи, во време кога државата е во криза и кога во Тетово граѓаните немаат основни услови за живот, велат од ВМРО-ДПМНЕ,

Од партијата истакнуваат дека додека тетовци се без вода, десетици села во тетовско, гостиварско се без канализација, а арачиновци сè уште сонуваат за канализацијата која им беше ветена уште пред повеќе од 6 години, Ковачевски, Груби и останатите министри од најнеспобната влада ќе потрошат илјадници евра пари на граѓаните за забава.

-Во 21 век има населени место во Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово кои газат во кал заради неасфалтирани улици или немаат чиста вода за пиење, ама тоа криминалците од власта не ги интересира. Нив ги интересира добра прослава со познати музички ѕвезди, како и добар кетеринг. Нема пари за проекти и капитални инвестиции ама за тоа има пари за приватна забава на Ковачевски и Груби. Во време на економска и енергетска криза, каде што илјадници граѓани остануваат без работа или не знаат како да го преживеат месецот власта реши да фрли пари за партиска прослава. Малку им беше грабежот кои го прават на граѓаните преку зголемувањето на акцизите, даноците, како и преку десетиците криминални тендери, сега решија преку прослава да му замачкаат очи на народот, се наведува во соопштението.

Ова расипничко работење на криминалците од СДСМ и ДУИ за многу брзо ќе му дојде крајот. Граѓаните на следните предвремени парламентарни избори ќе го казни ова неодговорно и криминално работење на СДСМ и ДУИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.