ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ќе собира 150 илјади потписи за референдумско изјаснување на граѓаните со цел спречување на „асимилацијата и бугаризација на македонскиот народ и држава“.

Македонската јавност вчера по потпишувањето на Протоколот помеѓу Македонија и Бугарија конечно имаше можност да ги види предавства на Ковачевски, Османи и Маричиќ.

Граѓаните имаат право да го дадат своето мислење, а со тоа да го искажат својот став во однос за овој дипломатски нокаут од трана на оваа ненародна власт предводена од предавникот Ковачевски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните ќе го кажат својот став во однос дали ги поддржуваат оваа рамка и протокол кои значи менување на историја, учебници, култура и идентитет на државата и македонскиот народ, смета опозициската партија.

Референдумското гласање од страна на граѓаните не значи и повлекување од блокадата на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од коалицијата на уставните измени, туку напротив и покрај блокадата на уставните измени граѓаните ќе имаат можност да го кажат своето мислење дали се ЗА или ПРОТИВ ова предавство од антидржавната СДС и предавникот Ковачевски.

Овие предавства нема да останат неказнети. Предавникот Димитар Ковачевски ќе одговара за ова злодело кое и го прави на државата и македонскиот народ.

Долу влада, УА за предавниците“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.