Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на премиерот Димитар Ковачевски за МРТ.
Интервјуто на Ковачевски е доказ дека тој како премиер и неговата Влада немаат стратегија како Македонија да ја извлечат од економска и енергетска криза.
Интервјуто Димитар Ковачевски го искористи за да ја прикрие својата неспосбност која што за овие 365 дена се докажа безброј пати. Тој единствено се грижи за Тачела коалицијата која што му служи како параван за матни зделки.
Владата на Ковачевски е толку неспособна што веќе три месеци не може да го реши проблемот со дојавите на бомбите кои го тероризираат населението секојдневно.
Ковачевски треба веќе еднаш да се разбуди и да се соочи со реалноста дека граѓаните не веруваат во дезертер кој што лажеше дека служел војска. Граѓаните воопшто нема да му поверуваат во ниту едно негово ветување бидејќи знаат дека тој се што ветил излажал.
Ковачевски многу добро знае дека во 2023 година ќе се случат предвремени парламентарни избори и на тие ќе изгуби катастрофално.
Рејтинзите на анкетите јасно му порачуваат на Ковачевски дека си заминува од политиката, неговиот крај се побргу се ближи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.