Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ водат анационална политика, а со тоа свесно ги загрозуваат националните и државни интереси на Република Македонија. Тоа што не кажуваат што содржи францускиот предлог е само доказ дека сакаат трајно да ги нарушат преговарачките позициите на државата и да отстапат од македонските врвени линии, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Изјавите дека државата била цел на хибриден напад е само обид на прикривање на нивната неспособност. И доколку е тоа точно тогаш Ковачевски, Османи и Маричиќ мора да понесат одговорност. Ковачевски наместо да се плаши и да бега од медиуми и од соочување со народот, мора да одговори пред целата јавност, за што точно преговара и договара тимот од МНР кој е пратен во Бугарија и дали Македонија веќе го има прифатено францускиот предлог? ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните, експертската и ителектуална јавноста децидно отфрлаат прифаќање на францускиот предлог и распродавање на националните интереси, посочуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека македонскиот јазик, култура и историја не можат и не смеат да бидат никогаш тема на преговори.

Со СДСМ и ДУИ на власт Македонија ниже дебакл и срам на секое поле.

Единствен излез од овој дипломатски срам е оставка на криминалната влада на СДСМ и ДУИ, и веднаш распишување на нови предвремени избори, велат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.