Ковачевски и Пендаровски да не кријат кои странски агентури стојат зад тензиите со Бугарија и антимакедонската пропаганда, ако не ги обелоденат, значи дека ги поддржуваат.
Пендаровски излезе и по Совет за безбедност, кажа дека странски мрежи стојат зад говорот на омраза кон Македонија и негациите на државата, и кои креираат тензии меѓу држaвите, ако тој не излезе и не каже детали, се доведува во прашање неговата сериозност, но и се девалвира целиот систем.
Доколку власта не каже јасно кој стои зад тензиите, тогаш таа е активен чинител во истите. Доколку Ковачевски и Пендаровски не реагираат на негациите на нацијата и историјата, тогаш значи дека ги мотивираат таквите дејствија.
Истовремено власта преку финансиските институции, треба да го испита потеклото на парите со кои се финансираат бугарските здруженија во Македонија, од каде често се слуша говор на омраза и негација на Македонија.
Колку повеќе Ковачевски и Пендаровски молчат и не реагираат адекватно, толку повеќе се потврдува дека тие се мотиватор на антимакедонската кампања.
Никогаш претходно немало такви негации на Македонија од страна на Бугарија како сега, а Македонија сега ја води партијата која тврдеше дека ги затворила сите отворени прашања.
Со сите изјави и ставови до сега власта покажа дека нема дно кое не може да го пробие. Иднината со оваа власт е неизвесна и понижувачка. Потребни се промени и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.