Ако нема безбедносни закани тогаш зошто му е државно обезбедување на Венко Фичипче. Добро е власта да излезе со прецизна пресметка колку ќе ги чини граѓаните безбедноста на Венко Филипче. Врз основа на кој основ му е доделено обезбедување кога веќе самио тврди дека нема безбедносни закани. По златните чинии кои ги набави Ковачевски, специјално нарача и ново луксузно државно возило Шкода Суперб за Зоран Заев со целосно обезбедување и државното лично обезбедување  за Венко Филипче, е уште една забеганост на власта на СДСМ, пишува до реакцијата на ВМРО-дПМНЕ по информацијата дека и покрај тоашто нема закани, поранешниот министер за здравство добил државно обезбедување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.