Кланот Јахоски се шири и во правосудството, внук од сестра на градоначалникот на Пласница и пратеникот Исмаил Јахоски на листата за обвинител, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Емрах Михтароски се наоѓа на листата на лица кои ќе станат нови обвинители и судии, а чии најблиски роднини се во врвот на извршната власт. Мифтароски е внук од сестра на градоначалникот на општина Пласница, Алија Јахоски и пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски.

 

Кланот Јахоски по политиката се шири и во правосудството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму прашуваат која правда може да ја очекуваат граѓаните кога најблиските роднини на политичарите и функционерите кои креираат политики и закони се и обвинители и судии?

Како поминува време така не остануваат многу од листата на лица идни судии и обвинители кои не се роднини на лица од врвот на СДС и ДУИ.

 

Потребни се коренити промени во правосудството во Македонија, со СДС и ДУИ имаме само партизација и фамилијаризација, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.