Денес Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог на закон за дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, по скратена постапка. Се работи за идентичен закон со законот што го имаат поднесено од СДСМ, кој го користат за манипулации на јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ било против зголемување на платите на наставниците и подобрување на воспитнообразовниот процес, изјави денеска за медиумите Бети Стаменкоска Трајкоска, пратеник на Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа истакна дека се работи за ист закон, но едиствената разлика е тоа што во овој предлог закон го нема делот со кој СДСМ сака да ги згрижи своите партиски војници во образованието и наместо квалитет во наставниот кадар сакаат да извршат груба партизација што ќе биде на штета и на образовниот процес и на штета на нашите деца.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сака и секогаш се стреми кон повисоки плати за наставниот кадар и токму затоа го поднесуваме овој закон. За да се обезбеди квалитетен образовен процес преку професионалниот и кариерниот развој на наставниците и стручните соработници потребно е да се зголеми нивната мотивација. Со зголемување на нивната мотивираност ќе се подигне квалитетот на воспитно-образовниот процес во Македонија. За таа цел потребна е економска сигурност на наставниците и стручните соработници и вреднување на нивниот труд кој се постигнува со пораст на платите.
Токму заради елиминирање на досегашната нееднаквост во однос на исплатата на платите во Републиката, со законот ќе се создаде правна сигурност со која платите во образованието ќе се усогласат по колективен договор, со минималната плата на национално ниво, појасни Стаменкоска-Трајкоска.
Таа додава дека со овој предлог закон ќе се тргне маската на СДСМ и парламентарното мнозинство за наводната грижа за зголемувањето на платите на наставниот кадар и ќе се види дека нив единствено ги интересира партизација на основните и средните училишта со несоодветни кадри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.