Би било срам за државата, партија од типот на ДУИ, каде криминалот со СДС им е секојдневие, да има технички премиер, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека затоа партијата е спремна веднаш да се откаже од техничка влада, доколку се откаже ДУИ од технички премиер.

ДУИ е партија, која е синоним за криминал во Македонија, партија каде нивниот претседател Али Ахмети, приграби милиони, за себе и своето семејство и има внуци со „претприемачки дух“, кој купува вредни имоти во центарот на Скопје од 30 милиони евра.

Партија каде Артан Груби отвора коцкарници, со матни типови од Бугарија, брат му купува дуќани во строгиот центар на Скопје, хотели на Попова Шапка, а тука се и милионските кирии, кои ги плаќа Лотарија.

Партија каде, Бујар Османи, дели милионски тендери на донатори на партијата, а директорот на Градежниот инспекторат Фатмир Арифи, откако го прекрши законот и не го пријави својот имот, ги обвини вработените од човечки ресурси дека биле криви.

Ваква потоната партија во криминал, не смее да има обичен чиновник во владата, а камоли технички премиер, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.