Канцер мафијата е заштитена од власт, 2 месеци откако се обелодени случајот, нема одговорност за никого, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

ЈО со непостапувањето и незаинтересираноста со која пристапува кон случајот овозможува Канцер мафијата да продолжи со нерегуларностите.

Според документите кои пристигнаа до нас има сериозни индиции дека криминалот на Онкологија не запрел.

Власта си поигрува со човечки животи, а една веледрогерија блиска до власта печали.

Имено според Извештајот за работата на Онкологија, набавките кои се вршени се менувани без согласност од Клиниката.

Во Извештајот е нотирано – Нарачките се подготвуваат секој понеделник врз основа на тековна залиха, се одобруваат со потпис од директорите, но не постои писмен допис кој ги одобрува измените на лековите и количините за нарачка.

Имено иако се менувани нарачки без писмена согласност, никој од Клиниката, ниту од Министерството за здравство не презел мерки против омилената веледеогерија на власта.

Сето ова немаше да се случи, ако власта го користеше КАТО системот кој во целост ја елеминираше можноста за злоупотреби на терапиите за болните од рак. Власта свесно не го користеше КАТО системот, иако знаеше за неговото постоење. Одговорност мора да има, стои во соопштението на партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.