19 тимови, 200 партиски функционери и овој викенд продолжуваат со теренската активност во акцијата „Ова е Македонија за сите“.
ВМРО-ДПМНЕ ќе го посети секое населено место и ќе допре до секој еден граѓанин, ќе го ислуша и заеднички со народот ќе најдеме решение за проблемите кои се наталожени изминатите 6 години откако СДС е на власт. СДС ја уништи Македонија. Проблемите се секаде исти. Граѓаните живеат во беда и сиромаштија.
Мора да се стави крај на катастрофите кои што ги прави владата на СДС и ДУИ.Овој хаос мора да престане.Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ посветено и одговорно ќе пристапи кон решавање на состојба во економијата, образованието, здравството и иселувањето на младите од државата.
ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи во интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не се сите исти. ВМРО-ДПМНЕ нуди решенија. Ги повикуваме граѓаните да се приклучат од акцијата „Ова е Македонија за сите“ и заеднички да ги донесеме промени и подобра иднина за сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.