Исплашени од реакциите и укорите кои ги добија од Бугарија, СДС остана нема и целосно заборави на Декларацијата за Илинденското востание која помпезно ја најавуваше. Оваа Деклерација веќе 20-тина дека откако ја најавија никој ниту ја има видено, прочитано, ниту пак е ставена на некоја седница во Собранието.Иако бараа поддршка од сите политички чинители, Ковачевски и СДС откако добија укор од страна на Бугарија, а тоа најдобро го почувстувале Бојан Маричиќ и Бујар Османи бидејќи жестоки биле реакциите од страна на бугарските власти, декларацијата исчезна – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија коментираат дека за граѓаните да заборават на оваа Деклерација, поврзана со Илинден и Илинденското востание, решиле да напишат нов документ, овој пат наречен Манифест, каде што бараат консензус.

Иако исто како и за Декларацијата за Илинден, никој го нема видено овој Манифест, ниту пак од ДУИ и СДС се консултирале со некој, туку седнале во штабот на ДУИ во Мала Речица, го напишале и бараат консензус.Наместо да се борат и да ги заштитата за македонските интереси и заштитување на индетитетот и историја, СДС се обидува со Манифести и Деклерации да си купи време за одржување на владата со ДУИ. Ниту Декларации, ниту Манифести нема да ги покријат националните порази кои ги донесе оваа власт на СДС и ДУИ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.