Институциите дозволиле поликлиника без лиценца да оперира луѓе, Бухова и Сали да одговараат, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Недозволиво е поликлиниката Промедика да врши операциони зафати, без притоа за тоа да ги поседува потребните дозволи. Институциите знаеле и тоа го дозволиле.
Ирена Бухова, како директор на ДСЗИ и Беким Сали како министер за здравство, а пред него и Венко Филипче мора да одговораат за овој преседан кој можел да заврши со последици за голем број наши сограѓани.
И откако беа откриени, ниту Бухова, ниту Сали излегоа да се извинат и да понесат одговорност со оставки, туку ДСЗИ во форма на пишано соопштение го призна скандалот.
Бухова и Сали да не мислат да се кријат за пишани признанија, без понесување одговорност.
Очекуваме оставка, а во меѓувреме ЈО да отвори случај и да се исттажи кој и како дозволил, и зошто свесно е толерирана работа без лиценца.
Одговорност за одговорните во институциите мора да има, стои во соопштението на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.