Вчерашната анкета на ИПИС јасно покажува во која насока ќе се движат резултатите на парламентарните и на претседателските избори.Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во изборната единица 3 и изборната единица 4 со речиси двојно поголемо водство пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.
Со ова падна во вода едно друго истражување дека разликата меѓу нив е само неколку посто.
Во овие две изборни единици трет по поддршка е кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски со 6,6 посто поддршка а по него следат Билјана Ванковска и Стевче Јакимовски.
И во четворката Силјановска има стабилна предност пред кандидатот на СДСМ за кој се изјасниле само15,8 проценти од испитаниците.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е со двојна предност во изборната единица 3 и речиси четири пати огромна предност во изборната единица 4, во однос на владејачката СДСМ.
Висока е бројката и на оние граѓани кои не сакаат да кажат за кого ќе го дадат својот гла, но според искуствата од минатите избори тоа воглавно се опозициски гласови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.