ВМРО-ДПМНЕ е задоволна од одѕивот на граѓаните во 40 општини кои предлагаа идеи за развој.

Изминатиов викенд за прв пат во Македонија се одржа организиран проект за собирање и дискутирање на идеи за проекти од граѓаните до општините. Според партијата, илјадници граѓани ги посетиле општините и дале идеи за проекти кои ќе бидат опфатени со буџетите за 2023 година.

Граѓаните можност да предложат идеи за проекти ќе ја имаат и во наредните неколку дена преку страната budzeti.mk, или следниот викенд односно 10 и 11 декември, во период од 11 до 14 часот во општината во која живеат.

Градоначалниците и нивните тимови ќе ги разгледаат идеите и ќе ги опфатат со предлог проекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.