Владата на Ковачевски и СДС покажува системска негрижа кон реформските процеси значајни за ЕУ. Тоа го нотира годинешниот Извештај на ЕК. Во 6-те клучни кластери нема подобра оценка од претходните години. Во секој од кластерите, државата се смета како умерено подготвена, што е иста оценка со годините претходно, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа говори дека Владата не ги зела предвид препораките од Европската Унија во извештаите за 2020 и 2021 година. Македонија со оваа Влада нема напредок и во правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформата на безбедносните служби, борбата против тероризмот, економијата, слободниот пазар и пазарните слободи итн. Извештајот го забележува повеќемесечно незакажување на седници за пратенички прашања во собранието што покажува евидентен страв од дебата во собранието, но исто така и злоупотребите на законите со лажно европско знаменце. Од сето ова се гледа дека Владата во Македонија има и најнизок степен на напредок во вкупно 35 позиции, два пати повеќе од оние во кои има барем некаков степен на напредок. Но, оваа самобендисана и дрска влада секогаш сака вината да ја пренесе на друг. Па затоа дезертерот Ковачевски пак дезертира од одговори за извештајот правдајќи се со се само да не се открие нивната неспособност и непосветеност на процесот. Со еден збор Ковачевски троши време и бара алиби обвинувајќи ја опозицијата за неговите сопствени лоши перформанси, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа на Македонија и се потребни промени, додаваат од таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.