Додека СДСМ потпишуваа протоколи, и краделе на ангро, на еден камион битумен и до 11.000 евра
Власта преку ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта склучила 9 милионски договор за набавка на битумен. Според цените кои ги плаќа преку тоа претпријатие еден камион чини 12.000 евра, а пред неколку недели ЈП Улици и патишта од Скопје сличен таков материјал набави за 11.000 евра помалку односно 1.200 евра.
Како е можно ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта кое е претпријатие кое има поголем обем на работа и нарачува поголеми количини да плаќа 10 пати поскапо од понало претпријатие кое е под јурисдикција на град Скопје?
Според првичните пресметки криминалот изразен во разлика на цени е неколку милиони евра.
Каде завршиле овие пари, и зошто е дозволен ваков грабеж? Дали власта мисли дека додека потпишува штетни за нацијата договори, никој не гледа како краде?
ЈО да не чека информации од медиумите и веднаш да отвори случај. Или пак повторно некој друг ќе биде виновен, само луѓето во власта не?
Криминалот и заштита која сега ја чувствуваат претставниците од власта мора да знаат дека наскоро ќе заврши. А тогаш ќе има одговорност за секој еден тој се огрешил пред законот, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.