Со внимание ја проследивме акцијата за пошумување која ја правеше СДС. Штета е што како владејачка партија ја прекинаа и стопираа акцијата на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Ден на дрвото“ преку која беа засадени милиони садници. Добро е што сега ја копираат истата акција, и тоа го поздравуваме. И добро е што „Повеќе садници“ стана копија на „Ден на дрвото“, реагираат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Но како што тие тогаш поставуваа прашања, ние овој пат ќе ги поставиме идентично нивните прашања:
1. Од каде се парите на СДС за акцијата повеќе зелено?
2. Каде се илјадниците садници кои денес ги засадија?
3. Дали акцијата на СДС не е пералница на пари?, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.