Активната блокада е барање на граѓаните, СДСМ создаде криза, сиромаштија, а зад завеса прави и криминал, се вели во партиското соопштение на ВМРО ДПМНЕ.
До 100% се зголемени цените на основните продукти, за 70% се зголемени цените на горивата, за 30% е зголемена цената на струјата, за 15% е зголемена цената на парното греење. Тоа е во поголем дел вина на СДСМ и лошото управување со државата заради криминал.
СДСМ и ДУИ ги предизвикаа сите кризи, и тие се единствено одговорни за националната катастрофа која ја живееме.
СДСМ сака да остане на власт за да продолжи да краде и да ги злоупотребува средствата од буџетот. Токму затоа се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро.
Зошто ако остане СДСМ на власт долгот само ќе се зголемува, а инвестиции нема да има, сиромаштијата ќе расте, а криминалот ќе царува. Затоа предвремени парламентарни избори час поскоро, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.