Kако нова сила и надеж на Албанците во Македонија, решително прогласуваме крај на долга епоха на злоупотреба и политичка манипулација, која во текот на 22 години ДУИ ја користеше за да ја задржи власта, велат од коалицијата Влен.

Коалицијата Влен на место „балансерот“ ќе воведе нов Закон за правично и адекватно застапеност, кој ќе гарантира целосна еднаквост за сите етнички заедници. Коалицијата Влен останува посветена на осигурување дека правата на Албанците и на сите други етнички заедници ќе бидат загарантирани, нудејќи владеење базирано на меритократија и правдина. Крајот на политиките на злоупотреба е неизбежен, и ние сме подготвени да изградиме нов систем, каде граѓаните ќе имаат достоинство и надеж за иднината“, се вели во соопштението од коалицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.