Пратеникот Ристески во гостување на вечерашната Топ тема, укажа дека критики кон Македонија за корупција имало и од претходната американска амбасадорка.

Резултатите се поразителни во борбата против корупцијата и криминалот, јасно е истакната анкетата дека само 8 проценти имаат доверба во правосудниот систем и во таква ситуација нормално е САД да испратат тимови, бидејќи е очигледно дека оваа власт не само што не се справува, туку и генерира криминал и корупција“, рече Ристески.

Ристески укажа дека надлежните кај нас само декларативно се залагаат за борба против корупција и криминал, бидејќи за први лица на Судскиот совет, обвинителство се бираат луѓе од партиски штабови, а не со искуство.

Власта не ни признаваше дека има корупција се додека не рекоа претставниците од САД. Тие не признаваа дека има скандал и со случајот Онишченко, премиерот и министерот за внатрешни работи велеа нема ништо, но потоа го поништија државјанство. Сега треба да видат американските експерти и кој отвора фирма за фотоволтаици и тоа токму е сопругата на премиерот и формата не и е со било кој граѓанин“, укажа Ристески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.