Власта не презеде ништо ниту по скандалот на Клиниката за Онкологија во Скопје. Онколошките пациентите од Битола остануваат без терапија, се трошат последните залихи на Oxaliplatin i Pertuzumab во Клиничката болница во Битола, објави Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Пациентите реагираат дека оваа недела се очекува да се потрошат количините, по што ќе се препраќаат на Клиника за онкологија зашто не е планирана набавка. Со ова, пациентите од регионов како да се граѓани од втор ред и немаат можност да примат основна терапија, додека на Клиника за онкологија им се доделуваат прескапи лекaрства со ограничени индикации, на пример Fezgo кои не се на позитивна листа, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Според Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ, само за Fezgo ќе се одвојат милионски суми, во исто време додека пациентите водат борба за основни лекарства со што заради неспособноста и негрижата на Владата на ДУИ и СДС не враќаат 20 години наназад во однос на третманот на овие пациенти.
Оттука, може да се заклучи дека неспособната власт ниту покрај сканадот на Онкологија, не ги научи лекциите и ништо не е преземено за да се подобрат состојбите, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.