Молк од Владата откако вчера премиерот на Бугарија Кирил Петков на комесарот за проширување Оливер Вархеји му ги кажа  трите услови кои ако се исполнат може да се крене ветото.

Меѓу нив е исполнување на т.н Рамковна позиција на Бугарија донесена од нивниот Парламент.

Но, малкумина се запрашаа што таа содржи и колку е штетна за Македонија. Рамковната позиција е речиси иста како Декларацијата за Македонија која е поддржана од сите партии во Бугарија.

Рамковната позиција содрржи 20 точки, која од која полоша за Македонија.

Она на што властите во Бугарија инсистираат и бараат, е откажување од признавањето на македонското малицноство кое живее во Бугарија, отстранување на терминот „бугарски фашистички окупатор“ од текстовите во учебниците и натписите на спомениците и спомен плочите, како и отпочнување на нов процес на лустрација, со цел да се расветлеле сите соработници на службите за безбедност на поранешна Југославија, во денешна  Македонија.

Во однос на јазикот во ЕУ и другите меѓународни организации употребата,  на терминот „македонски јазик“, да биде пропратено со звездичка и појаснување дека е  според Уставот на Република  Македонија.

Во Рамковната позиција се бараат конкретни резултати на заедничката комисија во одно на заедничката историја до 1944 година вклучително и договор за Гоце Делчев ВМОРО-ВМРО и Илинденско-Преображенското востание, отстранување на спорните плочи и заедничко славање на настани и личности.

Се бара и  усогласување на учебниците по историја и текстовите за случувањата во 19-от и 20-от век да се презенитираат на јазичната норма на која се оригинално напишани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.