Власта да почне да го применува Законот за здруженија и партии и да се затвори клубот Цар Борис, кој носи име на нацистички соработник, вели ВМРО-ДПМНЕ

Законот за здруженија и партии е донесен и изгласан во собранието, тој треба веднаш да почне со примена.
Името на клубот Цар Борис, е име на докажан нацистички соработник, под негова палка Бугарија била дел од нацистичката коалиција на Хитлер.
Недозволиво е тој клуб да продолжи со делување. Тој треба веднаш да се избрише од Централниот регистар.
Недозволиво е во Македонија која се стреми кон Европа да има активни клубови кои имаат поврзаност со еден од најмрачните делови на историјата“, се вели во соопштението.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.