„Власта да не помислува да потпише договор за национален срам за Македонија, да не помислува да ги стави на маса македонскиот јазик и историја“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, потенцирајќи дека Македонија има своја резолуција во Собрание и Македонија мора да се држи до своите црвени линии.

Бучковски не направи ништо добро за Македонија како специјален претставник за Бугарија. Исто така гледаме како од бугарска страна е навредувана Македонија, а МНР си молчеше.

„Ние треба да име свои црвени линии, ние сме Македонци во своја македонска држава и не треба да отстапуваме, да си ги браниме нашите интереси. Во Бугарија направиле свои барања, но ние имаме резолуција која во Собрание ја прифатија сите политички партии. Оваа држава има ли претседател, има ли државен врв кој ќе ги собере сите чинители кои ќе ги кажат црвените линии“, вели Мисајловски.

Говорејќи за смета на Владо Бучковски како специјален претставник за Бугарија, Мисајловски посочи дека Бучковски досега не направи ништо добро за Македонија, и упати порака до власта дека не смее да помислува да се откажува од македонското минато и да менува учебници.

„На крајот на денот дали ќе има специјален претставник или не, да им порачам на власта да не помислуваат да потпишат некаков договор за национален срам за Македонија, да не помислуваат да го стават македонскиот јазик на маса, и да не помислуваат дека немаме своја македонска историја. Да не помислуваат да менуваат учебници, ние Македонци од Македонија со македонско минато и идентитет. Секој еден што чита заклетва во Собрание треба да знае дека е за граѓаните“, потенцира Мисајловски.

Мисајловски во текот на гостувањето се осврна и на кризите со кои што се соочува Македонија поради неспособноста на владата на СДСМ.

„Парно нема, по одредени места во Скопје парно нема“, нагласи Мисајловски.

Мисајловски потсети и за фијаското со вакцини за КОВИД-19.

„Се фалеа колку маски нарачуваа, на телевизии се најавуваше помпезно и за вакцините исто. И што бидна на крај? Последна земја бевме во регионот, во Европа што добивме вакцини“, рече Мисајловски.

„Поскапи бензинот, поскапеа продуктите, фиктивно зголемуваат плата, инфлација, и сето тоа кога ќе го соберете има очај и разочарување кај народот“, појасни Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.