Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период, за тоа треба да одлучува идната влада, бара ВМРО-ДПМНЕ.
Надвор од секое нормално делување е СДС и ДУИ да вршат избор на тендер од 250 милиони евра на неколку недели пред избори, во период на техничка влада.
Наместо борбени хеликоптери, власта набавува транспортни, со што не ја зголемува борбената готовност на АРМ.
Дополнително никој не знае како е изберена фирмата Леонардо, и зошто не се изберенј другите компании меѓу кои американска компанија или германско-француски конзорциум.
Како е извршен изборот и кој ја донел одлуката што всушност да се набави.
Наместо трошење на 250 милиони евра пред избори, да се стопира набавката и по неа да одлучува идната влада.
Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.