Во пресрет на Националниот ден на Власите – 23 мај денеска се одржа свечена академија на која беше порачано дека треба многу повеќе да се негуваат традиционалните особености, а најповеќе јаизкот.
На свечената академија освен што беа презентирани културните карактеристики на Власите, беа истакнати и предизвиците со кои се соочува влашкиот јазик.
Во 21 век Власите повторно се борат за своите основни права што природно му припаѓаат на секој народ, овој ден го одбележуваме во ден когха нашиот јазик е во голема криза, бидејќи се помалку Власи го зборуваат јазикот, а да бидеме искрени неаме ни некоја голема помош од државата, и ни останува на нас Власите во своите домови да зборуваме само влашки да ги воспитуваем децата како Власи затоа што само така нема да исчезне влашкиот етнос а што сме ние без јазикот, без јазикот го губиме иднтитетот, културата и се она што нас не разликува од останатите, додека не гов ратиме влашкиот јазик во нашите домови таму каде што опстана илјадници години се дотогаш ќе исчезнуваме тивко без да почувтсвуваме, им порача на присутните модераторот на самиот почеток на настанот.
Во своето обраќање адвокатот Јанаки Митровски додаде дека има влашки семејства во кои воопшто не се говори на Влашки.
Состојбата со влашкото прашање е алармантна на пописот од 2021 година резултатите покажаа дека помалку до 10 луѓе се декларирале себе си како Власи. Одговорноста за лошата состојба е пред се кај самите нас. Во Македонија е повеќе од сигурно дека има многу луѓе кои имаат влашко потекло, но дел од нив дали се срамат дали си прават асимилација, постојат жални ситуации каде што има еден родител Влав или уште полошо каде има двајца родители Власи, а не го говораат јазикот, а за тоа не може да биде никој друг крив ниту државата ниту другите етнички заедници, порача Јанаки Митровски.
Како претставник на Владата на настанот присуствуваше и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој ја потенцира улогата на Власите на Балканот во формирањето на важни историски настани на Балканот .
Власите од целиот свет се навраќаат и се сеќааваат на своето славно минато ги слават своите славни историски имиња, но изразуваат и голема благодарност на народите со кои што живеаат со векови и кои во одредени историски периоди помогнале во нивното битисување огромна е улогата на Власите во историските настани на немирниот Балкан. Историјата запишала дека во времето кога се создавале новите национални балкански држави овие потомци на овој стар народ биле рамо до рамо со сите херои од Балканот во своето постоење и биле дел од интелектуалито сталеж и интелектуалната политичка и економска елита на овие простори, порача Бочварски.
Додаде дека заложбите на Европската Унија како таа за заштита на влашкиот јазик, се показател дека на државава и следи перспективна иднина.
Власите, се познати, како еден од најстарите народи на Балканот со свој јазик, култура и традиција. На овие простори живеат повеќе од два милениуми, и тоа најмногу во околината на планината Пинд, областа Епир и Тесалија и во источните делови на Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.