Со фантомки се ограбува банка, а не се брани веќе пљачкосана држава, чии национални интереси се на распродажба.Татковината се брани со срце, со душа, со ум, со човечко достоинство и со образ.
Безобразни, тргнете ги маските, за да им го видиме образот/суратот, на тие кои ви ги “продаваат”, пишува на Фејсбук актерот Владо Јовановски.
Браќа и сестри, да не бидеме “глинени гулаби”, по втор пат!Протести, да!До крај, додека не држат нозете. Со присуство, со масовност, со истрајност…
Подобо да умреме чекорејки отколку цел живот да клечеме! Насилство, НЕ!Да бидеме мудри Македонци!
А пак, ако некој поинаку мисли, нека прави како што му сече црпката, ама нека си превземе одговорност, со сите последици, не да се крие зад мирољубивиот и родољубив народ, а после други да страдаат.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.