„Некои прашања заслуживаат одговор”!

Ден трети од објавувањето на онаа “историска”, фотографија, направена во поранешната вила на Тито, во поранешна Р. Македонија, напиша на својот фејсбук профил актерот Владо Јовановски.

Денес ден 24 јули 2024 година, ќе ја поштедам јавноста од поширока опсервација на “ликот и делото” на Дарко Митревски, од почит кон претседателката на Р. Македонија, Гордана Силјановска Давкова, за која сум сигурен дека не знаела какви реакции ќе предизвика таквата средба и колку штета може да направи во нашево хиперсензитивно општество.

Јас од срце се борев за професорката да стане претседателка на Р.М. и среќен сум заради тоа.
Не што немам ништо против неа, туку имам едно големо ЗА!
Но со Дарко Митревски не сум завршил.
После она негово отровно писмо, објавено на 30.04. 2017 година, не знам кој поголема штета ми има нанесено, дали тој или Вилма Русковска.?
Таму не бев нападнат само јас, туку и сите оние кои тогаш подметнаа г’рб за Македонија, за да не дојде до пуч и да не се промени името и идентитетот, како што и се случи потоа.
Се разбира и тогаш, како и сега сум против секакво насилство. Но тоа не е тероризам, а луѓето за жал се уште се’ по затвори, за дело кое не го сториле.
Нејсе, после апсењата и притворот, во “Заспи ако можеш”, на прашање од Горан Момировски, дали би му простил на Д.М. му реков дека ако јавно ми се извини, зашто јавно ме нападна, и ако видам искрено покајание, од срце ќе му простам зашто како христијанин знам да проштевам.
Од тогаш поминаа 4 – 5 години, но до извинување не дојде.
Не знам, можеби човекот уште ги негува истите негови мисли кон мене.
Затоа ќе продолжам да отворам вакви и слични теми, од единствена причина, да не станеме општество со кратка меморија или без меморија.
Да не забораваме, во критични мигови, кога е згуснато времето, кој што чинел или не чинел и кој на која страна бил.
Со едрн збор:
Да не не’ надвладеат камелеоните!
Смачено и згадено ми е’, од сончогледи и камелеони кои се без срам и перде!
Без образ и достоинство!
Многу политички преокрети имам доживеано …!
Што би рекол Живко Чинго:
“Не сум стар, ама памтам илјада години”!
Се шегувам, имам 57 години, а последните десетина ми беа одземени, без да одиграм во ниту еден филм во Македонија.

За жал, покрај мене и некој други луѓе и чесни професионалци се во немилост.

Но тоа е,’ достоинството и слободата се бесценети!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.