Делегација на Владата на Република Македонија, составена од заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, со положување свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски, ја одбележа 20-годишнината од неговата трагична смрт.
Покрај владините претставници, на овогодишното одбележување во Бутел присуствуваа и положија цвеќе сопругата на поранешниот Претседател на Република Македонија Борис Трајковски, Вилма Трајковска со членови од семејството, Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот на Собранието, Јован Митрески, делегација на Армијата на Република Македонија, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.