Сведоци сме во последниот период за низа скандали, дел објавени од медиумите, дел од нас како политичка партија, видовме како внук на лидерот на владејачка партија купи деловен објект од 30 милиони евра, но тоа за институциите не е корупција, видовме членови на владата како на свои брачни другари им продаваат државен имот, но тоа за правосудниот систем не е корупција, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на Сител.
Во однос на денешното апсење за поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, Муцунски истакна дека истиот е за политички интерес и дефокус од суштината во моментот дека корупција имаме во секое поле.
– Се прави дефокус од фактот дека момче од 24 години купува деловен центар од 30 милиони евра, дефокус од скандалозниот надзор за коридор 8, од низата скандали, членови на Владата на свои партнери продаваат државно земјиште на седница на Влада – рече Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.