Градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска извршија увид на градежните работи за изградба и асфалтирање на улиците „Октомвриска“ и „Кочо Рацин“.

Зборуваме за цел потег кој што опфаќа 4 улици кој што претходно беа направени од растурена коцка и каде што населението кој што живее во овој предел во самото градско подрачје имаше големи проблеми дали со водоводната мрежа, дали со големите дупки што беа претходно од самата коцка. Заради тоа пошто е централно градско подрачје приоритет ни беше уште ланската година да го направиме овој голем потег каде што живее доста население во самото градско подрачје. Зборуваме во потегот од позади Нептун, па се до самата гимназија, значи повторувам се работи за неколку улици кои што верувам еве сега точно разговарав со изведувачот, тој ме уверува дека оваа работа ќе биде завршена за 10-15 дена, значи професионално ќе работат. Имаат ставено 30 сантиметри тампон, за да веднаш потоа да ќе биде ставено два слоја на асфалт, прво 7 сантиметри првиот слој и потоа уште 5 сантиметри од вториот слој.

Не застануваме тука, значи претходно пред некој ден асфалтиравме и две улици во село Црнилиште, продолжуваме понатаму, најавувам и асфалтирање на улица во Амзебегово, 4 улици на Сопотски пат кои што долго време ги чекаат граѓаните, веќе е почната при крај е процедурата и за изградбата на новиот парк во Свети Николе и така натаму.

Може да кажам дека другиот ден ќе имаме седница на совет каде што ние веќе имаме реализирано 85% од самиот буџет, што е за поздравување и што долго време не било така. Мојата работа и работата на моите соработници на општина Свети Николе отсега започнуваме веќе да правиме проекти за наредната 2024 година, бидејќи 2023 ќе ни биде доста активна и исполнета. Продолжуваме понатаму се во интерес на граѓаните на Свети Николе, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.