Бројката која што врз основа на тој договор кој што го добивме ние од свиркач се обликации кои што ги има создадено државата, што по основ на тој договор, што по основ на пенали поради тоа што нема измена во законот за работни однози, односно, да бидам попрецизен, продолжување на работната недела од 40 на 60 работни часа, точно се 301.495.000 евр, триста и еден милион четиристотини девеесет и пет илјади евра. Околу 173 милиони евра се обврски кои што ги превзела државата врз основа на самиот договор како авансно плаќање, како трошоци за подготовка на градилиште и трошоци за подготвителни работи, вклучително и менаџирање на на самиот проект. Тоа се околу 173 милиони евра, а останатите се пенали поради тоа што во рок од 45 дена од потпишување на договорот не е променет Законот за работни односи, односно работната недела не е продолжена од 40 на 60 работни саати. И затоа велам, бројаката е точно 301.495.000 евра кои што во овој момент граѓаните треба да му ги платат на изведувачот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски.

Ова го истакна Мицкоски денеска од општина Аеродром каде што присуствуваше на увид на градежни активности во рамките на акцијата „Ова е Македонија, Македонија за сите“ при што беше запрашан од новинарите дали има информации дали до сега се исплатени пари од владата за пенали и аванси кон компанијата Бехтел и Енка која треба да ги гради коридорите 8 и 10Д.

„Имам сигурни информации, а еве ги повикувам медиумите да ги проверат, дека пред два дена од трезор се префрлени пари преку министерството за транспорт и врски на ЈПДП, на Јавното претпријатие „Државни патишта“ околу 7 милијарди и 250 милиони денари, тоа е околку 120 милиони евра. Отприлика толку се и тие пари претпоставувам треба да се веќе легнати на сметка на компанијата изведувач на овие делови од коридори 8 , односно 10Д. Оваа информација ја има од пред два дена, односно да бидам попрецизен, од средате. Еве ве повикувам вие да го прашате министерството за финансии, да го прашате јавното претпријатие дали се платени 120 милиони евра. Многу сум внимателен, околу 7 милијарди 250 милиони денари, тоа се некаде околу 120 милиони евра“, посочи Мицкоски.

Од друга страна, посочи Мицкоски, власта организираше прослави и прес конференции за гранд од околу 40 милиони евра од Европската комисија, кој што сеуште го немаат земене а и не знаат да го земат, а молчат за за 120 миолиони евра кои се пари на граѓани кои веќе треба да се легнати на фирмата изведувач која на деловите од коридорите нема ниту шајка заковано.

„Ќе повторам уште еднаш, не сме против тоа да се гради, но треба да се гради на вистинскки начин и треба да се гради на законит начин. Не сме против тоа што компанијата Бехтел и Енка си ги штитат своите интереси, против сме тоа што овие криминални политичари ги распродаваат нашите народни интереси и државни интереси и за тоа ќе одговараат. Многу скоро од денеска, еве јас ви ветувам, дека ќе одговараат“, истaкна Мицкоски.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.