Владата на следната владина седница ќе донесе одлуки врзани со состојбата во М-НАВ. На иницијатива на премиерот, Димитар Ковачевски и во консултација со министрите Славјанка Петровска и Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница закажана за вторник, 9 јануари, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки, објави вечерва владината прес-служба.
Ве информираме дека на иницијатива на Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за во вторник, 09.01.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки:
1. Целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени,
2. Да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес.
Воедно, како што е најавено, Ковачевски ќе го повика Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио- сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.