Барањето на власта за навреда да одговара секој кој што ќе искаже негативно мислење е уште еден доказ дека Македонија е заробена држава, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДСМ и ДУИ уште еднаш докажа дека се хибриден режим и ќе казнуваат за искажана критика и негативно мислење. Тоа само покажува до каде се отидени и забегани од реалноста. Да потсетиме дека во 2019 година истата влада на заевизмот, по насоки на Заев и Спасовски тогаш подготви предлог закон со кој се ограничуваше правото на протест, па забрануваа протести пред седиштата на органите на државната власт и просторот околу нив. Ова значеше дека доколку некој сака да протестира за лошата политика на владата или некое министерство, тоа треба да го прави на некоја ливада надвор од градот. Сега истата власт на Заевизмот бара да се забрани негативно мислење искажано против власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека со вакви измени на Законот за граѓанска одговорност ќе се направи закон кој не постои ниту во Северна Кореја и претставува спроведување на неофашизам од страна на власта.

-Очигледно дека Ковачевски, пиунот на Зоран Заев не сака да трпи кога народот го критикува во ситуација кога народот нема ни за леб, а државата тоне во економска, здравствена и енергетска криза, потенцираат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.