Ковачевски е слеп послушник на Ахмети и Артан Груби, владата му ја составува Еди Рама и семејството на Адем Јашари, владата наликува како влада на Бугарија и Албанија, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеничка на Алтернатива, која излезе од владата, јасно од собраниска говорница кажа дека владата на Ковачевски во 2022 година ја составувал Еди Рама и семејството на Адем Јашари. Ковачевски е само пиун на Ахмети, кој преку други структури ја прави владата по свој крој.
Ковачевски е заложник на Ахмети, кој му ја крои владата, како нему му одговара. Изминатиов период видовме, како Ковачевски нема политика на чување на државните и национални интереси, тој само исполнуваше барања на шовинистичките кругови во Бугарија.
Аматеризмот на Ковачевски, поддржан од Ахмети ја чини Македонија најлоши односи со Бугарија до сега, и тоа предизвикани токму од СДС, кои дадоа се што можеше да се даде, ги нарушија преговарачките позиции на Македонија и ја оштетија државата.
Ваквите анационални политики се можни само заради слабиот политички капацитет на Ковачевски, кој не може да излезе од тендер матрицата, и буквално прифаќа се, само за ден повеќе на власт.
Пристапот на Ковачевски ќе го однесе СДС во длабока опозиција, и тоа е неминовно, но тој треба што побрзо да си замине, зошто со секој останат ден на позиција, тој трајно ја оштетува Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.