Владата, на денешната 13. седница, го разгледа и усвои Предлогот за поведување постапка за водење преговори за склучување на Протокол со Владата на Италијанска Република, за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе и злоупотреба на деца кои се жртви на трговија со луѓе и го разгледа и прифати Нацрт-текстот на Протоколот, предложен од Министерството за внатрешни работи.

Склучувањето на Протоколот, според Информацијата од МВР, има за цел да придонесе во унапредувањето на безбедносната соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи на двете држави, особено во спречувањето и борбата против сите форми на трговија со луѓе и злоупотреба на деца жртви на трговија со луѓе, посочуваат од владината прес-служба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.