Владата на Република  Македонија денеска ја одржа својата прва, конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски им го честиташе изборот на министрите за членови на Владата и им посака добро здравје и многу успех во работата во период во кој е потребна добра соработка и вложување на сето знаење, посветеност и умешност како предуслов за добра и успешна работа на Владата во целина во реализирањето на Програмата за работа која е креирана врз основа на приоритетите на граѓаните.

На оваа конститутивна седница се определени заменици на претседателот на Владата на Република Македонија, и тоа:

• д-р Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците, за прв заменик на претседателот на Владата на Република  Македонија;
• м-р Славица Грковска, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за политики на добро владеење;
• Фатмир Битиќи, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, за координација со економските ресори и инвестиции;
• м-р Бојан Маричиќ, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања;
• д-р Џемаил Чупи е именуван за министер без ресор, задолжен за дијаспора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.