Владата на седницата на 16 јануари едногласно изрази политичка волја до Собранието на Македонија да поднесе предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, кој ќе биде усогласен со македонското законодавство, соопшти Владата.
„На посочената владина седница, Владата го разгледа предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки и донесе одлука Министерството за надворешни работи како предлагач да го усогласи текстот на предлогот на закон со кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Министерството за правда, Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација, Секретаријатот за законодавство и другите надлежни институции“, соопшти Владата.
Во Собранието овој законски проект ќе го брани Бујар Османи, министер за надворешни работи и м-р Фатмире Исаки, заменик на министерот за надворешни работи, а за повереници Филип Тосевски, државен секретар во Министерството за надворешни работи и Наташа Дескоска, помошник директор во Министерството за надворешни работи.
Пречистениот текст на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки е веќе доставен до Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.