Владата, на денешната седница, на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија во Сојузна Република Германија, за учество на вежбата „Saber Junction 23“.

Оваа вежба, според Образложението од Министерството за одбрана, е во организација на вооружените сили на САД и во неа, покрај припадници од вооружените сили на САД, ќе учествуваат и претставници од неколку земји членки на НАТО и земји од партнерството за мир.

Целта е обнова на знаења и споделување искуства, што се неопходни за персоналот на Армијата, за извршување на мултинационални операции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.