Во првите 100 дена од мандатот на новата Влада започна изградба на три нови детски градинки, а пуштена е и доградбата во ЈОУДГ „Гоце Делчев“, соопштија од Генралниот секретаријат на Владата.
Со ова покажуваме дека Владата се грижи и за најмалите.
Беше поставен камен темелник на изградба на НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА во Општина Бутел за што се инвестирани 100.000.000 денари, а капацитетот на згрижување e за над 200 дечиња. Со ова Бутел 2 конечно ќе добие нова детска градинка.
Исто така, започна и изградба на НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА во Трубарево, Општина Гази Баба за што се инвестираат 19.000.000 денари, која ќе има опфат за сместување на над 60 дечиња.
Започнаа градежни активности за доградба на објектот Изворче во ДЕТСКА ГРАДИНКА Срничка во Општина Аеродром за што се инвестираат 120.000.000 денари. И тука капацитетот на згрижување е околу 170 деца од 0 до 6 годишна возраст.
Исто така во овие 100 дена се пушти во употреба ДОГРАДБА на градинката „Гоце Делчев“ во Општина Илинден во вредност од 15.000.000 денари за згрижување на 60 деца. Оваа доградба значи конечно затворање на листите на чекање во Општина Илинден.
Владата и претседателот Христијан Мицкоски се обврзаа дека главен приоритет во мандатот ќе биде намалување на листите на чекање за прием во детските градинки.
Продолжуваме и во следниот период да инвестираме, да градиме и создаваме за сите категории на граѓани.
Листите на чекање мора целосно да се намалат. Дечињата мора да имаат соодветна грижа и услови за престој во детските градинки.
Посветени сме и одговорно работиме на создавање на нова надеж и иднина за сите граѓани.
100 дена повеќе од 100 нови проекти и мерки.
100% посветени за тебе!, велат од Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.