Во рамките на работната посета на Брисел, Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба и со извршниот директор на Еурочембрс, г-н Бен Батерс.
На средбата покрај искажаната поддршка од страна на г-н Батерс во евроинтегративниот процес на Република Cеверна Македонија, двајцата соговорници се согласија дека македонските комори, а особено Стопанската Комора на Република Cеверна Македонија која е рамноправна членка на Еурочембрс, треба активно да бидат вклучени во евроинтегративните процеси на Cеверна Македонија.
Од страна на г-н Батерс беше истакната отворена желба за соработка, и беше потенцирано искуството кое претходно го имале со Хрватска која е последна земја членка на ЕУ, каде Хрватската Стопанска Комора користела мноштво од искуството и ресурсите на Еурочемберс со цел ефикасно и ефективно да биде вклучена во евроинтегративниот процес на Хрватска и реално да помогне тој процес да биде изоден во најкраток можен рок – стои во соопштението испратено од Влада
Вицепремиерот Битиќи информираше дека Владата е отворена за соработка со сите комори, впрочем тој како координатор на платформата за јавно приватен дијалог ќе се залага за се поголемо инволвирање на стопанските комори како активни чинители во евроинтегративниот процес на Македонија.
Двајцата соговорници беа согласни дека и Cеверна Македонија, но секако и земјите од цела ЕУ се соочуваат со голем недостаток на квалификувана работна сила, независно од степенот на квалификациите. Вицепремиерот Битиќи подвлече дека нашата Влада е спремна на соработка со Еурочембрс, преку Стопанската Комора на Cеверна Македонија да се преземат конкретни мерки и активности со цел овој дисбаланс на пазарот на трудот се повеќе да се намалува, и ние слично како и економиите на ЕУ да почнеме, низ нашиот образовен систем, да креираме се повеќе работници кои се спремни да се приклучат на индустријализацијата 4.0.
Директорот Батерс беше согласен дека е време соработката меѓу Еурочембрс и Стопанската комора на Cеверна Македонија да се интензивира и дека ова е вистинска прилика овие заложби да почнат да се претворат во конкретни проекти и активности со кои ќе имаме се повеќе граѓани, независно од старосната структура, кои се спремни активно да се вклучат на пазарот на труд – стои во владиното соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.